Тренд меѓу извршните директори на компаниите- dopamine fasting. Сигурно сте слушнале за intermittent fasting… Сега применете го тоа на чувствата, поточно лишете се од среќа. Dopamine fasting е интересен тренд кој кружи околу Силиконската долина во моментот.

Според објаснувањето тоа е како да не чувствуваме ништо сега, за подоцна да чувствуваме повеќе, што е директен одговор на постојано растечкото сензорно преоптоварување што го доживуваме секојдневно. Идејата е да се лишите од нешто „возбудливо“, за да можете повеќе да го цените тоа подоцна.

Допаминот е хормон и невротрансмитер кој уште се нарекува и хормон на среќата поради ефектите кои ги има во нашиот организам а тоа е зголемување на отчукувањата на срцето и крвниот притисок предизвикани од надворешни фактори или стимулација.

На пример замислете да го возите автомобилот од соништата секој ден во текот на годината, во споредба со можноста да го возите вашиот автомобил од соништата само еднаш што веројатно ќе направи да се чувствувате посреќни бидејќи немате развиено толеранција кон тоа.

Целта на dopamine fasting е да се намали оваа стимулација, опфаќајќи сè, од вкусна храна, алкохол, сексуална активност, социјални медиуми но и некои екстремни случаи како комуникација со луѓе. Со оглед на зголеменото ниво на стрес и слабото ментално здравје, ова дури има смисла, како вежба за самосознавање.

Во повеќе научни термини, техниката е поврзана со „контрола на стимули“ и често се користи за да им помогне на луѓето кои имаат развиено некаква зависност. Лишувањето од одредено опкружување може да влијае на вашето однесување а со тоа да влијае на вашата емоционална благосостојба.

Доколку немате развиено зависност сватете го како еден вид на ресетирање или дисциплината во однесувањето. Пробајте првично тоа да го направите со вашиот телефон или користењето на Интернетот општо, ќе видите дека ќе се вратите на умереното користење на истиот, односно ќе си воспоставите рамнотежа.