Вчера во Градскиот парк, на отворено, летото во Скопје започна со настапот на познатиот бенд „QUEEN REAL TRIBUTE“, заедно со оркестарот на Македонската филхармонија и хорот на Македонската опера и балет, а под диригентство на Милош Јовановиќ од Србија.

„QUEEN REAL TRIBUTE“Еден од најдобрите светски трибјут-бендови на „Queen“, со специјални аранжмани за оркестар и хор, ги изведе најголемите хитови на една од највлијателните групи на сите времиња. „Queen Real Tribute“ во состав: Иван Ристановиќ – вокал; Ненад Бојковиќ – гитара, Иван Дерфи – бас, Радош Чапин – тапани, ја фасцинираше скопската публиката, исто како што ја воодушевува публиката ширум светот.

Со нивниот талент на пресликување на оригиналот, „Queen Real Tribute“ ја освоија публиката. Песните „The Show Must Go On“, „We Will Rock You“, „Bohemian Rhapsody“, „I Want To Break Free“ и „We Are The Champions“, беа само некои од мегахитовите на легендарната група „Queen“ чии звуци се разлеаа низ Градскиот парк во Скопје, под диригентство на Милош Јовановиќ, кој е и автор на аранжманите.