PythonГвидо ван Росум, холандскиот програмер, кој во 1989 година го создал Python, вели дека воопшто не му била намерата да направи програмски јазик за масовна употреба. Речиси 30 години подоцна, тој им го приближил програмирањето на луѓето за кои тоа било мистерија.

Во последните 12 години, Американците на Google повеќе го пребарувале поимот Python, отколку Ким Кардашијан. Од 2010 година, па до денес, бројката на пребарувања се има удвоено, додека пребарувањата за другите важни програмски јазици е во опаѓање.

Двете главни предности на Python се едноставноста и флексибилноста.

Благодарение на едноставната синтакса и користењето на вовлечените редови, лесно се учи, чита и споделува. Неговите верни корисници „пајтонисти“ имаат поставено на онлајн репозиториумот 145.000 програмски пакети, приспособени на индивидуалните барања на клиентите кои покриваат најразлични области ( од развој на игри до астрономија), а можат за неколку секунди да се инсталираат и уфрлат во програмата Python.

Поради разновидноста, американската ЦИА го користела и за хакирање, Google за индексирање на сајтови, Piksar за продукција на филмови, а Spotify за препорака на песни. Најпопуларни се пакети за „машинско учење“, кои анализираат огромна количина на податоци за да ги препознаат моделите, кои инаку би биле непрепознатливи.