По лансирањето на Human Race колекцијата за нега на лице, Pharrell продолжува со соработките. Овој пат Adidas е негов партнер, а производот кој го лансираа е перформанс фокусирана спортска облека за мажи и жени наречена PW Primeknit Fine. Оваа капсула се состои од парчиња кои се фокусирани на активните луѓе и отстранување на влагата. Материјалот Primeknit низ окото на Pharrell добива изглед кој ја слави анатомијата на човечкото тело. Глобалното лансирање на колекцијата е закажана за 15-ти Јануари 2021 година.