Purnell е компанија која е основана во 2006 година, а основачот, Џонатан Пјурнел, вели дека инспирацијата за компанијата бил неговиот дедо Сесил, британски војник кој бил ранет во Првата светска војна и кој се опоравувал од своите повреди во Безансон, Франција, каде што учел часовничарство. Како дел од образованието, Сесил Пјурнел учел и бил фасциниран од страна на турбионот, по што својот интерес го пренел и на својот внук. Џонатан Пјурнел работел во часовничарската индустрија повеќе од 40 години, за фирми како што се Harry Winston и Vacheron Constantin, а кога го основа Purnell, тој одличи дека компанијата ќе се насочи исклучиво кон создавање на турбион часовници.
Компанијата, која дебитираше со првиот часовник во 2009 година, остана доследна на својата оригинална инспирација и во последните години се посвети на создавање на исклучително богати и мошне комплицирани часовници. Еден од најдраматичниот примерок на Purnell е Escape I Spherion. Escape I беше претставен во 2017 година и е со големо брзински турбион со три осовини чии кафези ротираат, однадвор кон внатре во 30, 16 и 8 секунди. Во 2019 година, Purnell го претстави Escape II кој се одликува со Spherion турбион систем со две тројни оски поврзани со диференцијал.
Најновите верзии на Escape II се правени или со карбонско куќиште (од кои има три верзии), како и четврта верзија од црн титаниум од петто ниво, а моделот е наречен All Black.
Врвно мајсторство
Станува збор за мошне големи часовници, со димензии од 48 мм Х 19 мм, што не е и изненадување со оглед на тоа дека поседува турбион со тројна оска, а куќиштето е направено со цел истиот да може да биде видлив што е можно повеќе. Тука е вклучен и исечениот долен дел на куќиштето со сафирен прозорец со цел да може да се види турбионот дури и кога не гледате директно во часовникот.
Двата часовници се напојуваат со калибар CP03, кој е дизајниран од Ерик Коудреј, а се одликуваат со 32-часовна резерва на енергијата.
Инаку, механичкото решение околу проблемот за турбионот со тројна оска да работи на толку висока брзина е базиран на иновација измислена од американски производител на часовници Алберт Потер кон средината на 1800-тите години. Со оглед на комплексноста на системот, големината на часовникот се чини како сосема разумна.
Ваквиот вид на производство е навистина многу специфично и тоа на многу начини. Поради тоа часовниците имаат почетна цена од 470.000 долари за карбонските модели, односно 460.000 долари за моделот со црн титаниум All Black, а треба да се напомене дека и двата се водоотпорни до длабочина од 30 метри. Половина милион евра се незамислива цена за најголемиот дел од луѓето, но тоа не не спречува да уживаме во ова ремек дело барем и на фотографии, особено кога станува збор за ваков вид на произоводство.