На PUMA и First Mile ова им е втора соработка каде секое парче е изработенот од рециклиран материјал. Со цел јакнење на микро-економиите на Хаити, Хондурас и Тајван со собирање пластични шишиња за создавање одржливи работни места, First Mile го претвора пластичниот отпад во рециклиран полиестер што PUMA го користи за своите обувки и облека.

Овој пат, колекцијата која се состои од 12 парчиња во себе содржи од 83% до 100% рециклиран материјал. „Нашата стратегија е насочена кон континуирана потрага по поодржливи алтернативи за нашите клучни материјали и создавање максимално позитивно влијание, во согласност со нашиот код да бидеме секогаш подобри“, вели Стефан Сејдел, шеф на одржливост на PUMA. Колекцијата која е со земјени тонови е достапна на веб страната на Puma од денес 22-ри април, денот на Земјата.