Ремек делото на режисерот Квентин Тарантино, Pulp Fiction оваа година слави 25 години. Главните ликови во филмот ги толкуваа Џон Траволта, Ума Турман, Брус Вилис и Семјуел Л. Џексон. Во чест на 25 години од првото појавување на филмот на големото платно, еве неколку интересни факти
- Филмот чинел 8.5 милиони, а заработил 9.3 милиони во првата недела од премиерата.
- Хани Бани, ликот кој го толкува Аманда Пламерс го добива името по зајакот на Линда Чен, девојката која го пишувала на компјутер рачно напишаното сценарио на Тарантино. Го замолила да ѝ го причува зајакот додека да заврши некаква работа, а режисерот одбил. Зајакот починал, па Тарантино го крстил ликот на мртвиот зајак.
- Првичниот наслов на филмот бил My Sharona.
- За време на снимањето на сцената на Миа со предозирањето, Ума Турман изјавила дека користеле Campbell супа од печурки.
- Филмот бил првично прикажан во Јужна Кореа, Словачка и Јапонија, пред да ја доживее својата премиера во САД.
- Скоро 20 години по премиерата на филмот, во јавноста излезе листата на актери кои Тарантино првично ги планирал за ликовите во филмот. Гери Олдман бил земен предвид за сите главни улоги.
- Ума Турман не била првиот избор на Тарантино за улогата на Миа. Мишел Фајфер, Изабела Росалини, Џулија Луис Дрејфус, Мег Рајан, Дерил Хана и Џоун Кјузак биле земени предвид, а Фајфер била негов личен фаворит.
- Зборот fuck е употребен рекордни 265 пати
- Крајната заработка на филмот од кино благајните изнесува 107.93 милиони долари.
- Автомобилот Сhevelle Мalibu од 1964 кое во филмот му припаѓа на Винсент Вега е всушност автомобил на Тарантино. Бил украден веднаш по завршување на снимањето и најден 20 години подоцна.
- Првиот постер за филмот е фотографија од Ума Турман како пуши Lucky Strike цигари, но Miramax не ги откупиле соодветните права, па Lucky Strike се заканиле со тужба. Miramax ги повлекле постерите, но сите оние кои се достапни денес вредат многу пари.