Овие психолошки трилери се совршен спој на заговор и вознемирувачка содржина. Па ако сакате мирното попладне да го поминете во гричкање на нокти и погодување тогаш треба да ги погледнете овие психо-трилери кои се достапни на Netflix.

Dark

Трилерот се фокусира на односите меѓу четири семејства кои живеат во измислениот град Вирден. Во три сезони е покажано влијанието врз нивните животи од заговор на патување со време. За првпат се појави во 2017 година, но стана масовен глобален хит оваа година по третата сезона која премиерно беше прикажана во јуни.

Bird Box

Дејствието се одвива во пост-апокалиптичен свет мачен од натприродни суштества што луѓето мора да ги избегнуваат да ги гледаат, за да не останат живи. Заплетот се фокусира на ликот на Сандра Булок, која тргнува со своите две деца во потрага по безбедност, со заврзани очи.

You

Нешто што почнува како романтичен фил и добива темна пресвртница. Напишан врз основа на истоимена книга филмот го следи животот на Џо Голдберг службеник во книжарница во Њујорк и сериски убиец. Кога Џо се вубува во една од неговите купувачи, неговата смртоносна опсесија го наведува да ја демне низ градот, на социјалните медиуми и да го убива секој што ќе застане на неговиот пат.

трилери