Во свет кој постојано се менува, OmniFoods презема чекор напред со создавање на првото месо направено целосно од растенија. Целта на компанијата е да се направи производ кој по вкус, текстура и изглед ќе биде слично со традиционалното свинско месо, но ќе биде направено од уникатна мешавина на растителни протеини.

Компанијата во 2018 година го создала својот производ OmniPork кој претставувал веганско мелено месо погодно за вегетаријанци и вегани кои сакаат да ги рекреираат јадењата од свинско месо.

Но идејата е да се создаде парче веганско месо па така компанијата ги лансира своите два производи OmniPork Strip и OmniPork Luncheon кои би биле нутриционистички супериорна замена на свинското месо. Алтернативата заснована на растенија обезбедува 18,6g протеини на 100g порција, додека редовното свинско месо нуди 23 g протеини на 100 g во просек.