Научниците кои се обидуваат да креираат апчиња за контрацептивно средство наменето за машката популација конечно успеаја во тоа. Во новите прелиминарни истражувања, развојниот тим тврди дека развил нехормонална форма на машка контрацепција, која ги направила лабораториските глувци стерилни во текот на шест недели без никакви нуспојави. Раните испитувања на луѓето ќе стартуваат до крајот на оваа година, додека истражувачите од Универзитетот во Минесота тврдат дека новото контрацептивно средство работи така што ја таргетира интеракцијата на нашите тела со витаминот А, познат како есенцијален за плодност кај цицачите. Дополнително, диетите со дефицит на витамин А поврзани се со стерилност.

По долгото и исцрпно истражување, научниците успеале да пронајдат експериментално соединение кое го блокира протеинот задолжен за врзување и формирање на витамин А во нашите ќелии, познати како рецептори за ретиноинска киселина алфа. Ова е еден од трите протеини со слични функции и лекарите се надеваат дека неговото селективно блокирање ќе биде доволно со цел да се предизвика долготрајно, но не и перманентна стерилност, додека на другите места надвор од својата мета ќе предизвикаат минимални или никакви ефекти.

Следуваат клинички испитувања

„Бидејќи мажите не мораат да патат од последици на бременост, можностите за создавање на споредни ефекти од конзумација на лек за контрацепција се мошне ниски. Токму поради тоа се обидуваме да развиеме нехормонски апчиња за контрола на бременоста наменети за мажите и да избегнеме хормонски ефекти кои тие ги оставаат врз жените“, изјави водечкиот истражувач Абдула Ал Номан.

Соединението е наречено GPHR-529 и работи како што е и намерата. Во новите податоци претставени минатата недела на собирот на American Chemical Society организацијата, тимот изнесе дека глувците мажјаци дозирани со овој препарат во текот на четири недели во континуитет имале забележителен пад во бројот на сперматозоиди и станале стерилни.

„Ова се изгледа мошне ветувачки засега, но клиничките испитувања и дефинитивните тестови за безбедност мора да бидат извршени исто како и кај секој друг лек“, заклучи Номан.