Легендарната стрип куќа Marvel својот прв стрип го издала во 1939 година, а денес се продава по цена од 1.26 милиони долари. 

Денес, нема кој не е запознаен со Spiderman, Ironman, Thor и Captain America. Впрочем, не само поради стриповите, туку и поради филмовите кои носат милијарди долари на филмските компании. Но, пред да почнат да се штампаат стриповите во 80-те години, стриповите на Marvel биле наменети за деца кои ја обожувале фантазијата. 

Благодарение на хероите кои подоцна ги создаде Стен Ли за Marvel, и првите изданија на куќата денес се продаваат по вртоглаво високи суми. Така, пронајденото прво издание на Marvel има цена од 1.26 милиони долари. Главен лик во стрипот е еден од членовите на Fantastic Four.