За оние повозбудените, кога велиме повеќе, не алудираме на секс на првиот состанок.
Иако таа опција никогаш не е надвор од игра, особено ако има незапирлива сексуална привлечност меѓу двете страни, во конкретниов случај, она повеќе би требало да инспирира некоја добра идеја за прв состанок. Вечерата на свеќи и филмот во кино се добра опција, но ако сакате да покажете креативност, кренете го состанувањето на едно поинакво ниво. Ова се неколку предлози за активности кои можете да ги испланирате на првиот состанок:
првиот состанок
Посета во зоолошката градина
Според експертот за состанување, Џејмс Приси, зоолошката буди убави спомени од детството и прави да се чувствувате релаксирано и разиграно.
првиот состанокКуглање
Ќе ве потсети на средношколските денови и забавите на кои случајно ја испуштивте топката за куглање на ногата на вашата симпатија. Денес сте возрасен и самоуверен човек кој нема да го дозволи тоа.
првиот состанокИграње друштвени игри
Секогаш се забавни. Може да ги играте сами со потенцијалната партнерка или пак да го вклучите и друштвото. Направете ја вечерта поинтересна и зголемете ги влоговите.
Прошетка во парк
Не секој состанок мора да е навечер и да вклучува тоалета и смокинг. Прошетката во парк ви дава можност за разговор без притисок.