На почетокот на февруари, аукциската куќа Barrett-Jackson, објави аукција на првиот, сосема нов електричен Hummer. Овој автомобил сега е продаден за неверојатни 2,5 милиони американски долари. Што се однесува до автомобилот овој Hummer, кој доаѓа како Edition 1, носи три-моторен сетап кој дава неверојатни 1.000 коњски сили, дозволувајќи му да постигне од 0-100 километри на час за само три секунди. Исто така, доаѓа со Extreme Off-Road пакет на GMC, кој вклучува 18-инчни фелни завиткани во 35-инчни гуми, блиндирана долна страна опремена со камери, систем за управување на сите четири тркала, crab walk функција, адаптивна воздушна суспензија и 350kW капацитет на полнење.