Откако беше најавено дека оригиналната екипа се враќа со трето продолжение на Ghostbusters, излезе и првата видео најава за филмот. 

Режисерот Џејсон Рајтман и продуцентот Иван Рајтман ја прикажаа првата најава за Ghostbusters: Afterlife. Од неа може да се забележи дека филмот се фокусира на една самохрана мајка и нејзините две деца, кои пристигнуваат во мал град и почнуваат да ги откриваат своите врски со оригиналните истерувачи на духови. 

По првите два Ghostbusters филмови, излезе и женска верзија, коај продукцијата се обидува фановите да ја заборават, бидејќи беше тотално промашување. Сега, овој нов трет дел наречен Ghostbusters: Afterlife има големи чевли за пополнување, а по најавата и ветува доста. Иако информацијата за овој филм дојде директно од Ден Акројд и Бил Мареј, не се појавуваат во најавата, но сигурно ќе се појават во филмот. 

Премиерата е закажана за наредното лето, 10 јули 2020.