Последниот James Bond со Даниел Крег во главната улога ја претстави својата прва најава. Филмот го носи насловот No Time to Die. 

Автомобили, девојки, гаџети, оружје, гардероба, стил – сето она што го прави Џејмс Бонд вистински фраер, е прикажано во првата најава за филмот No Time to Die. Во него, Бонд ја напушта службата на Нејзиното Височество и ужива на Јамајка. Неговиот рај трае кратко, бидејќи наскоро доаѓа пријател од ЦИА кому му е потребна неговата помош. Бонд има задача да го пронајде киднапираниот научник и да се сретне со неверојатен непријател вооружан со опасна нова технологија. 

Реми Малек е главниот негативец во филмот. Премиерата на филмот е закажана за април 2020.