Universal Studios Japan и Nintendo не успејаа да го сокријат од очите на јавноста новиот тематски парк наречен Super Nintendo World кој се гради во Осака, Јапонија. На интернет се појави снимка од нешто што потсеќа на сцена од џиновска земја на Супер Марио. Може да се забележи замокот на Bowser, како и други ликови од играта Koopa Troopa, Goomba, Piranha Plant… Официјалното отварање првично беше најавено за оваа есен, но сеуште не се знае кога паркот ќе биде отворен и како ќе функционира поради целата ситуација со пандемијата.