Истражувачи од CU Boulder создадоа прстен кој преку термоелектричен систем ја трансформира телесната температура за да произведе електрична енергија. Уредот работи на принцип на разлика во температурите и тој не само што собира енергија од човечкото тело, туку е и во состојба да се санира кога е оштетен.

„Во иднина, сакаме да можеме да ја напојуваме вашата електроника што може да се носи, без да мора да вклучуваме батерија“ изјави вонреден професор на универзитетот.

Овој прстен е во состојба да генерира околу 1 волт енергија за секој квадратен сантиметар од површината на кожата. Што значи дека енергијата која ја произведува не е голема но доволна за наојување на електроника како часовници или фитнес тракери. Интересното е што овој уред сам се репарира и целосно се рециклира. Направен од растеглив материјал наречен полиимин, има низа тенки термоелектрични чипови прикачени на него поврзани меѓусебе со жици. Термоелектричните генератори се во близина на кожата и ја користат температурата која инаку се ослободува во околината.