На почетокот на овој месец, се појавија гласини дека германската компанија Leica ќе лансира ограничено издание на Q2 James Bond 007 фото апарат како прослава на новиот филм од франшизата James Bond, No Time to Die. Сега протекоа и слики од истиот, потврдувајќи го предвидуваното, типичен Leica апарат обвиткан со кожа во боја на British forest-green.

Покрај вообичаеното лого на брендот, на апаратот може да се забележат обележувања 007 на повеќе места. Впечатлив дел е капакот на леќата како и нумерирањето на само 250 примероци кои треба да бидат произведени. Leica Q2 James Bond 007 Limited Edition доаѓа во Globe-Trotter куферче кој доаѓа во стилот на James Bond, со истата зелена боја која ја има фото апаратот.

Што се однесува до перформансите, сè уште нема информации од Leica во врска со спецификациите на апаратот, но се очекува да биде идентичен со стандардниот Q2, што значи 47,3 мегапиксели full-frame sensor, стабилизиран објектив 28мм f/ 1,7 Summilux и три инчен LCD дисплеј осетлив на допир. Информации за датумот на официјално претставување сеуште нема, но очекуваме наскоро да го дознаеме.