Според 9to5Google, сликите дошле од официјалниот Android Twitter акаунт, каде освен слика за претстојното издание на таканаречените Pixel Buds A-Series протекле и неколку детали. Самата објава беше отстранета отприлика 10 минути подоцна, и иако не понуди многу информации во врска со новите слушалки, сепак се знае дека ќе имаат „квалитетен звук“ и ќе ја содржат новата Bluetooth технологија на Google која ќе овозможи брзо поврзување на уредите. Една од достапните бои ќе биде класична бела, со футрола за полнење која има форма на камен и која ќе биде во истата боја како слушалките со светло сива внатрешност. По овој „тизер“, Google допрва треба официјално да ги објави Pixel Buds A-Series.