Во трка со времето, кога ви здодеало од протеинските плочки завиткани во светкава хартија, кога дома немате ништо друго освен чипс а сакате да се придржувате кон некој режим на исхрана. Нема ништо поубаво од домашно подготвени протеински плочки кои не треба да ги печете, чувате во фрижидер а можете да си ги понесете и на вежбање.

Протеински плочкиСостојки:

  • 3/4 филџан путер од кикирики,
  • 1/3 филџан мед,
  • 2 супени лажици кокосово масло,
  • 1/2 филџан протеински прав со вкус на ванила,
  • 2 супени лажици ленено семе (опционално мелени),
  • прстофат цимет,
  • прстофат сол,
  • 2 филџана овесни снегулки (опционално мелени или цели),
  • 1/3 филџан чоколадни парчиња (70% какао)

Начин на подготовка:
Путерот од кикирики, кокосовото масло и медот ставете ги во сад кој ќе го поставите врз тенџере со вода и ќе го загреете на пареа се додека состојките во садот не се стопат и соединат (околу 5 минути). Тргнете го садот на страна и почнете да ги додавате сувите состојки. Мешајте додека се соедини смесата.

Земете квадратен или правоаголен сад со димензии од 20 или 22 сантиметри кој ќе го покриете со хартија за печење. Смесата префрлете ја во квадратниот сад и израмнете. Оставете ги плочките да се оладат во фрижидер еден час. Потоа извадете ги од фрижидер и исечете ги во саканата димензија.