Мажите и жените од Јапонија кои консумираат протеини од растенија, имаат помал ризик од заболување од кардиоваскуларни болести.

Новите истражувања покажуваат дека со внесува протеини од растително, а не од животинско потекло, човекот има шанса за подолг живот. 

Истражувањето траело цели 18 години, а во него учествувале 70.696 мажи и жени од Јапонија на просечна возраст од 55 години на крајот од истражувањето. Сите пополниле детален прашалник за своето здравје и исхрана и ниту еден немал историја на канцер или кардиоваскуларно заболување на почетокот на истражувањето. Во периодот од 18 години, биле регистрирани 12.381 починат испитаник. 

Откако ги споредиле податоците за возраст, пол, пушење, индекс на телесна маса, физичка активност и други здравствени и бихевиорални карактеристики, истражувачите утврдиле дека за разлика од групата која консумирала најмалку протеини од растително потекло, групата која консумирала најмногу протеини од растително потекло имала 27% помал ризик од кардиоваскуларни болести, 28% помал ризик од смртност од срцево заболување, 28% помал ризик од срцев удар. 

Замената на црвеното месо со протеини од растително потекло ја намалува стапката на смртност, но истражувачите не нашле поврзаност помеѓу количината на консумирање животински протеини и стапката на смртност. Можеби, тоа се должи на фактот што во јапонската исхрана, најголемиот дел од животински протеин доаѓа од рибата, а не од црвеното месо. 

Растителните протеини во голема мера ќе ги најдете во намирници како спанаќ, брокула или мешунки како леќа, соја или леблебија.