Samsung Galaxy Buds изненадија со траењето на батеријата но аудио карактеристиките не им беа импресивни. Според извештај кој „протече”, и беше објавен во германскиот магазин WinFuture,  Samsung Galaxy Buds 2 со својот дизајн и неконвенционален изглед би можел да издвои победа во борбата со ривалот Apple AirPods Pro.

Samsun Galaxy Buds 2 се во облик на бубрег, наликуваат на мали порцелански гравчиња, што е дизајн кој досега не е виден кај безжичните слушалки. Чудно е како може да собере толку многу технологија во нешто толку мало а згора на се да биде ривал на Apple. Ненаметливиот и елегантен дизајн овозможува лесно вметнување и отстранување од увото, без додатна силиконска заптивка.

Не се знае точно кога ќе бидат лансирани следните безжични слушалки на корејскиот гигант, но се претпоставува дека ќе бидат лансирани заедно со Samsung Galaxy Note 20, чие деби е закажано за јули месец оваа година. Но поради светската здравствена криза датумите се менуваат па не е лошо да ги следиме промените.Samsung Galaxy Buds 2