Една година откако британскиот бренд Superdry стапна на тлото во Македонија. Сега, време е да ја дувнат својата прва свеќичка. За таа цел, организираат совршена роденденска забава на која ги канат сите љубители на брендот. 

Резервирајте го 28 септември (сабота) за активно дружење со Superdry на Водно. Таму, заедно со тренерите од Kinetics Fitness Studio, ќе се одржи најголемиот тренинг на отворен простор на врвот на Водно – Милениумскиот крст. 

Ако сакате и вие да бидете дел од оваа супер активност, подигнете го својот ваучер за учество во продавницата на Superdry во Скопје City Мall на I кат и следете ја следнава агенда:

  • 09.00 – 09.30 часот пријавување на сите учесници и подигнување на стартен пакет на почетната станица пред ОУ Кочо Рацин. 
  • 09.30 – 10.30 часот искачување до средно Водно.
  •  11.30 – 12.30 часот вежбање со Kinetics fitness studio на врв на Водно. 
  • 12.30 – 14.00 забава на врв на Водно.

Прекрасен начин да го поминете саботното утро!

Среќен роденден Superdry!

Superdry