Потполно нов третман за прераната ејакулација забележа извонреден успех во студијата изведена врз еден човек, зголемувајќи го времето на неговиот сексуален однос до осум пати.

Меѓутоа, тука добрите вести за сите оние кои имаат ист проблем, бидејќи овој третман воопшто не е привлечен, поради то ашто користи иновативна метода која вклучува стимулирање на пенисот преку електроди во рамка од половина час по третман, повеќе пати неделно во текот на 24 недели.

Преранетата ејакулација претставува тешка, непријатна тема за голем број луѓе. Иако сексуалното здравје станува се помалку табу тема во последните децении, можноста за барање помош поради овој проблем во креветот претставува застрашувачка идеја, оставајќи голем број мажи да се борат во тишина. И покрај тоа, меѓу 30 и 40 проценти од мажите ќе доживеат прерана ејакулација во текот на својот живот, но во оваа група се наоѓаат само оние кои официјално признаваат дека имаат проблем.

Недостаток на решенија

Дури и во случај да се побара стручна помош, третманите за овој проблем се мошне ограничени. Најчестото решение понудено за овој проблем е топичка анестезија која прави просторот кај гениталиите да „утрне“ и да добие помала стимулација во текот на сексот, додека намалувањето на стимулацијата често не претставува добро решение за сексуалната активност. Оралниот депоксетин сега претставува еден од само двата лека кои можат да помогнат во ваква ситуација, но тој исто така доаѓа со непосакувани ефекти и луѓето со прерана ејакулација често мораат да одат кај когнитивно-бихевиорален терапевт за да ги намалат нивните симптоми.

прерана ејакулација

Сега, либанските доктори се обидуваат да применат алтернативен пристап.. По претходниот успех во текот на употребата на слични техники од страна на други истражувачи, Мухамед Муса и неговите колеги користат две површински електроди, прикачени на коренот и основата на пенисот со цел да го стимулираат дорзалниот пенален нерв во текот на 24 недели, идентификувајќи било какво подобрување во времето од пенетрацијата до ејакулацијата.

Човекот кој послужил како „заморче“ бил во активна хетеросексуална врска, но неговото просечно време на ејакулација било 0,6 минути. По три третмани неделно, од кои секој долг половина час, тој добивал стимулација на пеналниот нерв преку електроди.

До осумпати поголема издржливост

До 24-та недела времето на ејакулација кај овој човек се зголемило на 3,9 минути, што е мошне значајно зголемување во споредба со почетното време. Дури и по финишираниот третман, резултатите продолжиле да се подобруваат за овој човек, со дополнително зголемување од четири минути во 36 недели и финален резултат од 4,9 минути до 60-тата недела што е повеќе од осумкратно зголемување од почетното време.

Студијата сугерира дека неинвазивна и безбедна метода на стимулација може да стане валидна алтернатива за моменталните третмани за сите луѓе кои патат поради прерана ејакулација, но секако, ќе бидат потребни далеку повеќе докази и испитувања пред потенцијално да се тргне со нејзина клинична употреба.

Со примерок сведен на еден поединец и без контрола кога станува збор за збунувачките варијабили, постои можност целиот напредок да се заснова на пласебо ефект, имајќи ги предвид факторите на менталната врска со прераната ејакулација заедно со физичкото. Понатамошните истражувања би требало да вклучат и пласибо контроли во поголеми групи на испитаници со цел и овој ефект потенцијално да се отфрли и истакне како третман. Како и да е, за овој човек, работата на либанските научници дефинитивно му го подобри сексуалниот живот.