Позитивни, енергични и со полно срце македонскиот музички бенд Темпера повикуваат на „весел исход и неконтролиран бој“ како одговор на новата реалност. Ова е петти сингл во низа од новиот материјал по дебитанскиот албум “Играј!”

“Дојди” е песна исполнета со динамична ритмика, вокални и гитарски хармонии, спој на ретро и модерен звук оплеменет со виртуозноста на Петар Христов, кој гостува на саксофон.

Видео спотот за песната го изработи Александар Ристовски-Принц. Снимена и продуцирана во Тралала студио. Во бендот членуваат: Тања Тас – вокал, Драган Гиновски Гино на гитара, Мите Димовски – тапани и Џоле Максимовски на бас гитара.