„Збирката раскази „Не правете им сенка на гробовите“ е мошне возбудливо и уникатно четиво поделено во седум дела со по три целини насловени според седумте смртни гревови – секоја од нив е едно посебно патување внатре низ светот што Петрова го гради со филантропска вештина и внатре низ светот на секој оној што ќе тргне по овие наративни патувања. Светот во кој авторката нè води е и обичен и необичен, мистериозен и банален, близок и далечен, населен со ликови со широка палета од најразлични особености во чија бизарност, сепак, лежи човечкото. Оваа книга остава жиг, не на телото, туку на душата на читателот, кој сака да тргне во една ваква силна и возбудлива авантура и поради тоа, како и поради зрелоста, умешноста, мудроста на овие раскази, односно на нивната авторка“, изјавува промоторката на делото Фросина Пармаковска.

Дијана Петрова е родена на 8 април 1992 година во Делчево. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. „Не правете им сенка на гробовите“ е нејзина втора објавена книга. промоцијата на оваа збирка раскази ќе се одржи на 25 јуни (четврток), со почеток од 20 часот во МКЦ.