Еден доктор користејќи ја TikTok платформата сподели шест различни совети кои можат да ни помогнат да го продолжиме својот живот за цели 13 години благодарение на исхраната. Докторот Ентони Јун од Детроит, ја искористи оваа социјална мрежа со цел да им ги објасни на своите следбеници резултатите од новата студија наречена „Проценето влијание на изборот на храна врз животниот век: Студија за моделирање“. Според него, потребно е да се намали количината на брза храна, но и да се биде подготвен за внесување на големи количини грав за да поживееме некоја година повеќе.

Првата промена во исхраната која овој доктор ја препорачува претставува зголемување на внесувањето на риба, која е полна со омега 3 масти. По ова, Јун ги предупреди луѓето за пијалоците исполнети со шеќери, но секако посака да ги насочи кон исхрана која е далеку поздрава.

„Под четвртата ставка сметам внесување на поголеми количини на јаткасти плодови и семки, кои претставуваат здрави извори на масти и протеини. Под третата ставка сакам да наведам избегнување на црвено и обработено месо, како што се сланина и колбаси. Број два е внесување на повеќе мешунки, како што се гравот, грашакот и леќата. Тие се извонреден извор на протеини и влакна на билна база“.

Мора да се прави разлика

„На прво место се наоѓа промената која потенцијално може да додаде години на вашиот живот и се заснова на поголемо внесување на интегрални житарки, како што се овесна каша и кафениот ориз. Со нив можете да ги замените преработените житарки како белиот ориз и белите тестенини“.

Меѓутоа, докторот остро се спротистави на студијата истакнувајќи дека таа всушност не прави разлика кон квалитетот на месото кое се јаде.

„Во случајот со говедското месо или рибата, верувам дека постојат огромни разлики меѓу стоката која се храни со трева и рибата која е уловена во дивината, наспроти оние кои се одгледувани на конвенционални начини“, заклучи докторот.