Project Chaos во моментот е развиван од страна на Спирос Панопулос, автомобилски инженер и ентузијаст, кој својот производ ќе го опише како „ултра автомобил“ со 100-процентниот грчки дизајн кој претставува автомобилско совршенство. Силуетата на мистериозното возило кое можеме да го ѕирнеме од тизерот изгледа доста привлечно.

3Д печатените „anadiaplasi” титаниумски тркала со димензии 21/9 инчи напред и 22/13 инчи назад, се најлесните метални тркала на пазарот според производителот. Тука се и 3Д печатените керамички клипови кои можат да ги искористат 12.000 вртежи во минута и 3.000 коњски сили, што е навистина импресивно.

Project Chaos може да се пофали и со 4.0-литарски, V10 twin-turbo мотор, Augmented reality и материјали како јаглерод, кевлар, титаниум, магнезиум кои се технолошки совршено инкорпорирани во автомобилот. Од „Најбрзиот производствен автомобил во светот” може да се очекува забрзување од 0-100 километри за 1,8 секунди, со максимална брзина од 500 километри на час. Доста импресивно!