На 19-тиот Laureus World Sportsman of the Year, кој се одржа вчера на свечена церемонија во Монако, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше прогласен за најдобар спортист. За Ѓоковиќ ова е четврти пат како ја добива оваа награда. Титулата најдобар спортист ја има добиено и во 2012, 2015 и 2016 година.

“Во последните неколку години се сомневав дали би можел навистина да успеам, дали би можел да станам најдобриот тенисер во светот, да освојам големи титули и да се натпреварувам со конкуренти како Роџер Федерер и Рафаел Надал. Конечно успеав да го стори тоа со голема посветеност, големо самодоверба и голема поддршка од мојот тим. Сакам да им се заблагодарам на светските спортски медиуми за номинацијата, и на членовите на Академијата кои гласаа за мене. Сигурен сум дека изборот беше тежок со оглед на големината на другите спортисти кои беа номинирани за оваа награда. Навистина е неописливо тоа што го чувствувам во моментов” изјави Ѓоковиќ кога ја прими наградата.