Ретро патиките на Converse, Pro Leather, носени од НБА легендите на кошаркарските терени, сè уште во мода.

Поминаа 4 децении откако Converse дебитираше со Pro Leather патиките кои главно беа омилен моден детаљ на кошаркарите. И денес, котираат цврсто на модната сцена на класици, овој пат со серија Raise Your Game која ги слави боите на кошаркарскиот терен. 

Ова издание, достапно како Hi high top и Ox low top има ретро бела и морнарка палета на бои. Кремавите тонови покрај врвките и на ѓонот додаваат уште една ретро нишка, а покрај тегетот ѕвезда препознатлива за Converse може да се забележи и натписот Pro Leather со златни букви. 

Converse Pro Leather “Raise Your Game” ќе бидат достапни ширум светот од 21 декември.