Конечно имаме и официјален трејлер за научно-фантастичната визија на режисерот Дени Вилнев, епскиот Dune. Со зголемување на интересот околу адаптацијата на истоимениот роман на Френк Херберт од 1965 година, Warner Bros. Pictures го објави првиот целосен поглед на претстојниот филм.

Грубо опфаќајќи го првиот дел од книгата Dune ја претставува далечната иднина на човештвото и лов на највредната материја во универзумот позната како „зачин“. Дејствието се одвива околу опасната пуста планета Аракис, која е единствениот извор на дрогата што го продолжува човечкиот живот, обезбедува натчовечко ниво на размислување и овозможува патување низ просторот. Главната улога ја толкува актерот Тимоти Шаламе, а премиерата е закажана за 18-ти Декември.