Часовникот кое е дело на партнерството помеѓу Girard-Perregaux и Aston Martin, е издание кое ги спојува наследството на Girard-Perregaux и најсовремениот пристап кон дизајнот на Aston Martin. Овој турбилон со три летечки моста, е направен од титаниум и има куќиште од 44 милиметри, потопено во DLC (јаглерод сличен на дијамант), обезбедувајќи му елегантен надворешен изглед на часовникот.

„Воодушевени сме што соработуваме со Aston Martin, на кого му го доверивме несомнено нашиот најиконски механизам, давајќи нова перспектива на Haute Horlogerie. Ретко соработуваме со други, сепак, во оваа пригода направивме исклучок, имајќи ја во предвид моќта на дизајнот на Aston Martin“, изјави извршениот директор на Girard-Perregaux.

Во внатрешноста на рамката три моста се протегаат преку бројчаникот, враќајќи се на џебниот часовник на Girard-Perregaux од 19-тиот век, кој за првпат ја воведе класичната конструкција. Длабоко во механиката, сафир кристалната кутија собира светлина за читливост од предната и од задната страна на куќиштето, додека кафезот од турбилонот, составен од 79 компоненти, е поставен во долниот дел од бројчаникот каде што прикачена сина стрелка го брои секунди. Во согласност со фокусот на партнерството за максимален луксуз, ќе се направат само 18 часовници а цената на еден примерок би била 146.000 американски долари.