Современиот занаетчија (The Modern Artisan) се вика проектот на фондацијата на Принцот Чарлс „The Prince’s Foundation” и Yoox Net-a-Porter Group. Целта на проектот помеѓу овие субјекти е зачувување на драгоценото наследство на британската и италијанската трговија со текстил и успешно спроведување во иднината, а како дел од истата лансирана е колекција од 18 парчиња луксузна машка и женска облека.

Всушност овој проект е создаден со помош на податоци од групацијата Yoox Net-a-Porter, кои се земени од страна на шест италијански студенти од Fashion in Process (FiP) лабараторијата за истражување на потребите на купувачите. По обработката на податоците дизајнирана е луксузна есенска колекција која е изработена од британски занаетчии од Dumfries House.

Профитот од продажбата на колекцијата оди во корист на фондацијата која ќе помогне во развој и спроведување на програми за обука за пренесување на традиционалното знаење за текстилот.