Mean Green Customs е работилница основана во 2014 година во Мумбаи, која на листата има клиенти со префинет вкус. Работилница е позната по доста уникатни и популарни модификации вклучувајќи ги импресивните Triumph Bonneville T100, Royal Enfield Thunderbird 350 и други.

Приказната за прилагодување токму на Harley Davidson Street 750 започнува со изјавата на водечкиот дизајнер на Harley, Френк Севиџ „Street 750 е празен канвас за персонализиција и прилагодување“. Модификацијата почнува со отстранување на задната под-рамка и дизајнирање на повисок крај во форма на буквата U. Новите 17 инчни бандажи со високо перформансните Avon пневматици, како следен чекор почнуваат да го дефинираат процесот.

Mean Green Customs додава финеси карактеристични за нив кои доаѓа во форма на модифициран резервоар, бочни поклопци, преден штит, посуптилни алуминиумски држачи, закривен конусен издув, кожно седиште. На крај се добива производ кој плени, изгледа злобно, класично…