Во 1939 година Highways and Horizon’s павилјониот на General Motors на Саемот во Њујорк ги воодушеви присутните лица со својата визија за иднината. Креиран од страна на Норман Бел Гедес, Futurama изложбата го „предвиде“ транспортниот систем на 1960-тите години, а голем дел од нив станаа реалност. Овие погледи кон иднината вклучуваа иновации кои, во тоа време, делуваа како магија – Стакла кои се превиткуваат, комбинација на шпорет и замрзнувач, како и светлечка ламба која трансмитира говор преку своите светлечки зраци. Со овие иновации сцената ја сподели и Pontiac Ghost Car – првиот целосно транспарентен автомобил направен во Америка.

„Транспарентниот автомобил, прв кој некогаш е направен во САД, го привлече вниманието во GM Highways and Horizons зградата на Саемот во Њујорк. Креиран да го покаже ригидниот ентериер и останатите карактеристики комплетирани со прозорци кои можат да се подигнат и спуштат, врати кои се отвораат и затвораат. Единствениот материјал кој недостасува е изолацијата која вообичаено се применува на внатрешната површина, која е заменета со нов материјал, синтетички кристално чиста пластика“, стои во оригиналното соопштение од 1939 година.

General Motors изработил два примерока на Ghost Car

Познат како Pontiac Ghost Car, транспарентниот автомобил би конструиран врз основа на де-лукс Pontiac седанот со четири врати. Автомобилот кој бил прикажан на саемот бил изграден од страна на General Motors во соработка со Rohm and Hass – хемиската компанија која го креираше плексигласот – а вкупната цена за изработка изнесувала 25.000 долари. Во моделот, плексигласот создаде точна реплика која го замени надворешниот лим. Со цел да се добие почист изглед, структурниот метал под него содржел бакар и целиот хардвер бил обложен со хром. Гумите и гумените лајсни биле направени во бела боја, како додаток за целосната естетика.

Бил изработен и втор модел за Golden Gate Exposition изложбата во 1940 година. По ова, двата шоу-автомобили патувале низ различни продажни салони на Pontiac во САД каде биле изложувани. Возилото од 1939 година било позајмено во Smithsonian институцијата за време на Втората светска војна. По ова, возилото се појави на аукција во 2011 година за 308.000 долари. Автомобилите биле прикажувани на голем број промоции и често се појавувале во списанија. Во целина, автомобилите биле направени за да прикажат што сѐ се случува зад производството на еден автомобил, особено во време кога автомобилската индустрија забележувала голем напредок. Во официјално соопштение, од Pontiac Motor дивизијата истакнале дека „на прв поглед ја прикажува скриената вредност вградена во Pontiac автомобилите“.