Преносениот Bluetooth звучник Bang & Olufsen Beosound A1 е обновен како во дизајнот така и во перформансите, во споредба со оригиналниот модел А1. Потенкиот водоотпорен дизајн доаѓа со вграден Alexa гласовен асистент.

Ако се прашувате како Alexa работи без интернет конекција еве го одговорот Beosound A1 треба да се поврзе преку Bluetooth со смартфон или некој друг извор кој при поставување го поврзува звучникот на својот Alexa акаунт и да го активира Alexa на тој начин, да речеме, да контролира музика, да нарача пица или да најде нов рецепт.

Тоа значи дека звучникот секогаш мора да биде во домет на Bluetooth-от на вашиот телефон (или алтернативениот извор), но со оглед на тоа дека А1 поддржува Bluetooth 5.1, тоа не би треба да претставува проблем.

Интересен додаток е што со поддршка за Microsoft Swift Pair и Google Fast Pair овозможува брзо поставување за конференциски повици. Што се однесува до батеријата трае од 4 часа до 18 часа слушање при 70 dB, или од 24 часа до 48 часа при поумерено 55dB.

На прва неможат да се воочат разликите во дизајнот но овој звучник е полесен за седум проценти и има малку поинаква шема на дупки. Bang & Olufsen Beosound A1 сега е водоотпорен и отпорен на прашина (IP67) што значи дека може да се стави во вода на длабочина од 1 метар, 30 минути или на песок.