На отварањето на новата продавница Michael Kors во Минхен вчера беше претставена и новата колекција за мажи на Michael Kors. Во новоотворената продавница се достапни сите три колекции на модната куќа и тоа MICHAEL Michael Kors, Michael Kors Men’s Collection и Michael Kors Collection.

Michael Kors Men

Најголемата американска модна ѕвезда на денешницата, одговара на потребите и барањата на современите трендсетери. Во свет во кој треба да оставите ИМПРЕСИВЕН ПРВ ВПЕЧАТОК, неговата популарност се повеќе расте. Брзото секојдневие ги доведува до совршенство неговите дизајнерски парчиња, кои привлекуваат и освојуваат моментално.

Па така и новата колекција за мажи на оваа куќа плени со сите нијанси на метал, неизбежната бела и црна боја, несекојдневните еспресо тонови… уште една потврда дека Michael Kors никогаш не отстапува од визијата на шик и луксузниот американски стил.