Со кампањата „Natural Ease“, модната куќа Hermès ја претстави својата нова колекција за сезоната есен-зима 2021. Француската модна куќа за оваа кампања го ангажираше моделот Финли Дејвис, познат како моделот кој прошета на најмногу модни писти на Машката модна недела во 2018 година. Но целта на модната куќа е отелотворување на модерниот маж кој оди со флуиден, оптимистички чекор напред, со опуштена елеганција.

Како фотограф на оваа кампања се појавува Ан Марик Вандримелен. Тука доаѓаат до израз спротивностите поради архитектонските елементи кои се во контраст со природата. За оваа сезона Hermès носи релаксација во облека со поголем волумен. Големината и величественоста на брендот се истакнува и во оваа колекција, каде кардиганите, kкожни јакни од јагнешка кожа, капути со едноставна графика, парчиња од висококвалитетни материјали, неутрални бои во комбинација со вино црвена и сина.