Новиот memento mori часовник од HYT не потсетува дека времето тече, буквално. Овој часовник нуди оригинално искуство, давајќи уметничка, симболична и некако природна репрезентација на немилосрдната природа на времето. HYT Soonow користи микро-флуидни модули на прикажување на времето преку различно обоени течности кои се движат во стаклена капилара.
Со дијаметар од 48.8mm, поставен на челик секоја верзија е направена во ограничено издание од 25 парчиња. На опачината на часовникот се гледа сложениот механизам задолжен за флуидниот модул. Оваа колекција го носи името Soonow кој претставува кованица од зборовите soon (наскоро) и now (сега) како би се претставила идејата за флуидниот модул. Цената е 77.000 долари.