Новиот часовник Bell & Ross Red BR-03-92 Red Radar Ceramic е доказ за афинитетот на компанијата кон небесната шир. Со духот на авијацијата и авантурите испреплетени во својата ДНК, производителот уште еднаш се надмина со новиот часовник кој е јасно инспирирано од радарскиот екран на авионот. Импресионира визуелно повпечатливиот и механички поцврстиот часовник на кој неможе да му се одолее.
На самиот часовник се гледаат два диска со два авиони кои создаваат извонреден танц така што едниот го претставува патничкиот авион кој патува на поголемиот, најоддалечен диск и ги покажува часовите, додека борбениот авион патува преку помалиот внатрешен диск и ги покажува минутите. Со ова се интерпретира реалноста во која патничкиот авион секогаш патува побавно од неговиот суперсоничен воен колега.
Bell & Ross BR 03-92 Red Radar Ceramic е третиот ќасовник кој се придружува на семејството Radar. Најбитно е дека овој часовник е изработен од висококвалитетна керамика наместо од не’рѓосувачки челик, која е отпорна на гребење, и доаѓа во димензии од 42 милиметри, наместо досегашните 46.