Оваа изведба на Highland Park 50 Year Old, претставува третото издание старо 50 години од експанзивната 223-годишна историја на оваа дестилерија и дел од 274-те шишиња вискија кои го носат потписот на мајсторот Гордон Моушн. Ова 50-годипно виски е спектакуларно, како едно од најретките и најстарите изданија, кое со текот на годините ги има апсорбирано и создадено прекрасните вкусови на суво овошје и слатко тофи. Highland Park 50 Year Old е направен по традиционален солера систем (традиционален процес на зреење на течности), а бурињата за прв пат биле поставени во 1968 година.

На непцето, најновото издание старо 50 години фаворизира вкус на зрели цреши, сладок мусковадо шеќер, праски и богато темно чоколадо, кој потоа се претоќува во вкус дефиниран со егзотични зачини, зашеќерена кора од портокал, даб и зрели кајсии. Половина век богатата, раскажана историја е зачувана во ова извонредно издание кое плени со неговата исклучителна презентација. Сместен во дрвена кутија рачно изработена од орев, стакленото шише има гравура инспирирана од нордиското наследство. Секој примерок е нумериран, а со секој примерок исто така доаѓа и декантер украсен и кожна книга која ја раскажува историјата на ова виски старо 50 години.