На просечниот пушач потребни му се 30 обиди да престане со пушење. Вие можете подобро.
Според едно истражување од Канада, успешно престанувате со пушење ако 12 месеци по ред воопшто не запалите ниту една цигара. А за да го постигнете тоа, во просек имате 30 обиди и години труд. Звучи страшно и напорно, но не треба да се откажувате од откажувањето. Во тоа е и поентата.
За некои пушачи откажувањето е ужасно лесно, за некои тоа оди потешко.
Статистиката вели дека бројот на пушачи е преполовен во изминативе 40 години, но сепак станува збор за лоши бројки. Скоро половина од активните пушачи ќе починат како резултат од заболување предизвикано токму од цигарите. Пушењето е одговорно за ⅓ од респираторни заболувања, за околу ¼ од канцерогените смртни случаи и кардиоваскуларни заболувања. Ако ова ви е доволна причина за престанете со пушење, сторете го тоа на следниов начин за да не пробувате 30 пати во текот на неколку години:
Вежбајте
Според списанието Addiction, луѓето кои вежбаат кога ќе почувствуваат потреба за цигара, имаат поголеми шанси да престанат со пушење. Вежбањето го подобрува чувството на контрола и расположението.
Споделете ја веста со светот
Не мора да го споделувате откажувањето на Instagram, но доволно е да им кажете на некои блиску луѓе. Можете да се приклучите на некоја група за поддршка на Facebook.
Сменете го начинот на исхрана
Внесете повеќе овошје и зеленчук во исхраната. Тие ќе ви помогнат да намалите со пушењето. Внесувањето растителни влакна ве држи сити и ги намалува непожелните копнежи по „само“ еден дим.
Консумирајте млеко
Според едно истражување, млекото им дава чуден вкус на цигарите и пушачите често се откажуваат од цигарите откако ќе испијат чаша млеко. Додадете повеќе млечни производи во исхраната.