Лондонската музичка џез група која го носи името Nérija, годинава дебитираше со нивниот прв албум со име Blume. 

Nérija

Nérija e септет кој фантастично функционира и многу успешно преку музиката се обидува да го разбере расположението, темпераментот и изразувањето на својата публика. 

Blume, нивниот прв албум е колекција од композиции која ќе ви го одземе здивот. Станува збор за совршено звучни целини кои може да се опишат како вибрантни, живописни, заразни и неверојатно модерни. За нешто повеќе од час, албумот ќе ве однесе во една убава димензија, ќе ви приреди патување низ светот на џез нотите и музиката. Албумот содржи 10 песни, а го најави композицијата со наслов Riverfest.