„Културата е најдобриот начин да ја доближиме Унгарија пред македонскиот народ со кого имаме четврт век успешни билатерални односи, а „Саемот на книга” е еден од најзначајните културолошки настани во областа на книжевноста, а секако покрај книжевноста имаме подготевно низа проекти преку кои ќе се претставиме и тоа во областа на музиката, танцот, фотографијата, гастрономијата и научни сознанија.“ – изјавиja од амбасадата на Унгарирја во Република Северна Македонија во пресрет на 31-от Меѓународен саем на книгата, на денешниот брифинг со новинарите.

„Саемот на книга”Во соработка со Скопски Саем, Унгарија и унгарската книжевност ќе бидат во фокусот на 31-от Меѓународен саем на книгата во Скопје кој ќе се одржува во период од 8. до 14. мај во ВИП Арена Борис Трајковски.

На специјализираниот унгарски штанд, посетителите ќе имаат можност лично да се сретнат со авторите Едина Сворен и Ласло Багоши, како и со македонските преведувачи на унгарската литература Паскал Гилевски и Златко Панзов.

Покрај врвните унгарски книги, ќе биде изложена и изложба на илустрации од современи унгарски детски книги. Околу 70 издавачи од Северна Македонија, Унгарија, Србија, Косово, Албанија, Данска се дел од ова издание на Меѓународниот саем на книгата.

Сите значајни издавачки куќи од земјата ќе земат учество и покрај редовните штандови, имаат подготвено програма која изобилува со промоции, тркалезни маси и настани.