Со наближување на празниците, се јавува и потребата да направите некого среќен. Покрај љубовта и вниманието кое треба да им ги посветите на жените во вашиот живот, понекогаш и не е лошо да ја искористите пригодата и да им подарите и некој подарок. Во прилог, неколку идеи, што да им подарите на жените во вашето опкружување – мајка, сестра, сопруга, девојка, пријателка…
Федора
Наменето за: сестра, девојка, сопруга
Модно освестените млади жени ќе го обожуваат овој подарок.
Постелнина
Наменето за: сопруга, мајка, баба
Освен што е корисен подарок, погрижете се да инвестирате во квалитетен памук.
Рачен часовник
Наменето за: сестра, девојка, сопруга
Класичен, безвременски моден погодок.
Миризлива свеќа
Наменето за: мајка, баба, колешка
Бидејќи нема да згрешите избирајќи миризлива свеќа, а никогаш не се доволно.
Накит
Наменето за: девојка, сопруга
Кога е во прашање девојката/сопругата ваквиот личен подарок е одличен погодок. Накитот е безгрешен
Јакна
Наменето за: ќерка, сопруга, внука
Особено интересни и актуелни се авијатичарски јакни – кожени и со крзно внатре
Џемпер од кашмир
Наменето за: ќерка, внука, пријателка
Не се потресувајте околу величината. Одберете некој oversize модел.