Минатата година на IFA саемот во Берлин беа претставените фотелјите кои го носат името Predator Thronos. Оваа година се веќе во продажба и можат удобно да се сместат во домовите на страствените играчи. 

Фотелјата околу себе има своевиден фишек, кој овозможува корисникот да постави пред себе дури три монитори во позиција по негова желба. Изработена е од пластика и метал, а претставува навистина издржлива инвестиција за неверојатно удобно гејминг искуство.

 Predator Thronos

Опремена е со држач за глувче и тастатура, приспособливи на дофат на раката. Што се однесува до деталите на физичкиот изглед, украсена е со LED осветлување, така што многу  лесно може да се вклопи со светлечките гаџети и компјутерски компоненти, кои сега се повеќе имаат RGB-светлосна технологија. 

Ваквото задоволство од компанијата Acer чини 20.000 долари, па ако сте од оние кои сериозно заработуваат од часовите минати играјќи игри, вреди да се инвестира.