Постојат толку многу правила кога се парите во прашање, што не е чудно што не знаете по што да се водите. Кога станува збор за пари и правила, индивидуално е и треба да сте флексибилни. 

Следниве неколку правила заслужуваат мала ревизија. Па ако сте подготвени за кршење правила, сега е моментот.

  • Заштедата треба да покрие 6 месеци исполнети со црни денови

    Општествената мудрост вели дека треба да имате фонд за итни случаи со кој може да покриете трошоци за 6 месеци. За многумина, ова е врвот на заштедата. Всушност, ова е почетната сума со која треба да започне штедењето. Висината на сумата во фондот за црни денови зависи исклучиво од вашите околности. Но, штом еднаш го достигнете, зошто би престанале да штедите?правила

  • Некористење кредитни картички

    Вистина е дека се неизвесни. Многумина стравуваат дека ќе потрошат повеќе отколку што можат да платат и ќе заглават во долгови. Вистината е дека можат да бидат лоши, но може да се и добри. Благодарение на нив, создавате позитивен кредитен скор. Тој може да ви се најде во кредитната историја, секако, ако ги плаќате ратите навремено. 

  • Останувате на истото работно место долги години.

    За вашите родители можеби било нормално да работат на истото работно место 15, 20 па и 30 години. Денешниот пазар тоа не го дозволува. Менувањето на работното место ќе ви дозволи да научите повеќе, да искусите повеќе и да се искачите повисоко на корпоративната скала, а тоа значи и подобра плата.