Водич за подготвени да ја дочекате пролетта и со насмевка на лицето да ги посетите блиските шумски скривалишта или празните и напуштени паркинзи во ситните ноќни часови со вашиот автомобил.

Иако сите сакаат да се испружат во голем брачен кревет, мора да се признае дека љубовната авантура во автомобил и тоа како има свои предности. Сексот во автомобил е повозбудлив и е поинаков од се друго што можете да пробате, а тој без претерување може да се смета и за еден вед јавен или егзибициски секс во поблага варијанта. Меѓутоа, голем број мажи не сакаат секс во автомобил, бидејќи просторот е обично мал и тесен, па тука се јавува голема проблематика – позите и положбата во текот на акцијата.

секс во автомобил

Некои двојки едноставно не можат да се снајдат во вакви ситуации и не можат да најдат позиција која им одговара. Во прилог следуваат најдобрите секс пози кои можат да ви помогнат во автомобилот да ја поминете најдобрата ноќ во својот живот.

1. Љубовно седиште

Ова е позна во која дефинитивно мажот ужива. Едноставно седнете на совозачкото седиште и пуштете ја партнерката да ви седне во крило. Нозете нека ги испружи кон задните седишта кои ќе и служат како потпирач. На овој начин дефинитивно ќе си поминете незаборавно.

2. Мисионерска на задно седиште

Ако имате лимузина или автомобил кој има прилично голема задна клупа, тогаш тоа можете да го искористите како кауч. Мисионерската поза е една од најлесните, па е тотално изводлива на задното седиште од вашиот автомобил.

секс во автомобил

3. Количка

Совозачкото седиште соборете го сосема наназад и легнете на него. Вашата партнерка мора нозете да ги подигне кон вас, а нејзините раце мораат да одат под контролната табла. На овој начин положбата на нејзиното тело потсетува на количка, па поради тоа оваа поза има вака интересен назив.

4. Лажица

Еве уште една поза која можете да ја примените на задното седиште. Вие и вашата партнерка треба да се свртите на страна и таа едната нога мора да ја подигне во воздух.

5. Брачен багажник

Ако имате караванско возило со голем багажен простор и седишта кои се соборуваат, можете да ја поминете ноќта која дури може да се спореди и со уживање на брачен кревет. Кога ќе ги соборите седиштата и кога максимално ќе го зголемите просторот во багажникот, ќе имате простор за најлуди акробации.