Иако на прв поглед изгледаат како класични патики на кои е испишано логото на модниот бренд, познатата силуета добива надградба во палетата на бои. Prada Superstar сега доаѓаат во три нови бои: црна, бела во комбинација со црна и хромирана сребрена во комбинација со бела боја. Новите патики однадвор можеби не изгледаат WOW, но кампањата за нив открива дека во нив има повеќе отколку што открива окото.

Секоја патика Prada Superstar е внимателно конструирана од специјалист за обувки во фабриката Монтегранаро на италијанскиот бренд и е рачно изработена. Овие патики ќе бидат достапни за купувачите на 8-ми Септември преку онлајн продавниците на Prada и Adidas.