Ова е само почеток на една модна соработка. Преку белата колекција модната куќа Prada и спортскиот бренд adidas го најавија своето партнерство. 

Приказната започнува со чевли. Поточно, класичните Superstar чевли, кои се дел од палетата на adidas oд 1969 година. Овој пат, го имаат потписот и дизајнот на Prada. Соработката вклучува и торба за куглање Prada x adidas, која е комбинација на препознатливата торба за вежбање на Adidas и чантата на Prada. Колекцијата ќе биде изработена во работилниците на Prada во Италија, од исклучително квалитетна италијанска кожа со која работи брендот. Патиките и чантата ќе бидат пуштени во продажба од 4-ти декември онлајн, во лимитирано издание од само 700 парчиња.